На Јасмин Адли (26), вработена во американската армија, која заразила 76. лица со ковид-19 во Германија, и се закануваат 10. години затвор. Имено, таа ја пренела инфекцијата со посета на барови, иако била заразена.
Адли, која е од Флорида, ги чекала резултатите од тестот по неодамнешниот одмор во Грција,но сепак не ја почитувашла самоизолацијата, туку отишла на забави во Гармиш Партен Кирхен, иако во тоа време веќе и било болно грлото.
Во пораките до кои ошол „Дејли меил“, таа им се заблагодарува на своите колеги за „доаѓањето на рона забавата на“, но исто така вели дека тогаш не знаела дека е заразена.
Поранешен колега исто така вели дека Јасмин работела во „Еделвајс ризортот“ пред нејзиниот тест да го потврди вирусот корона и дека таму организирала конференција за американските воени сили за спречување на инфекција со ковид-19.
Истаиот вработен, исто така, вели дека не само што треба да се обвинува таа, туку и хотелот кој ја негувал „културата на прикривање“ поради што биле заобиколени правилата за карантин.
Адли сега се соочува со затворски казни затоа што заразила најмалку 23. лица и изложила уште 710. од нив на вирусот поради забава по патувањето во Грција на почетокот на септември.
Во вторникот беше објавено дека се регистрирани уште три случаи на инфекција со корона со вирусот кај редовните посетители на кафеаните, кои ги посетила и 26-годишна жена.
Предметното одморалиште е всушност центар за рекреација на американската армија (АФРЦ) што го користат американските војници и нивните семејства.
Адли го посетила „Пичис барот“ на 3 септември, а еден ден подоцна ирскиот паб во Гармиш.
Таа вечер кога го посетила „Пичис барот“, Адли имала блиски контакти со многу луѓе, ги прегрнувала и ги бакнувала, а не се чувствувала добро кога се вратила дома.
The female employee at a U.S. military vacation lodge in Germany facing ten years in jail for going on a bar crawl when she had coronavirus has been revealed as 26-year-old Yasmin Adli from Florida.https://t.co/yxHF4bG37M
— Ole Vet "VetsResistSquadron" (@OleVetUSAF) September 17, 2020
по враќањето од Грција таа работела во хотелот и ги послужувала гостите во хотелско кафуле и организирала конференција се до денот кога добила позитивен тест.
Интересно е што темата на конференцијата што ја организирала била токму спречувањето на ширењето на инфекцијата меѓу американските војници.
Покрај тоа, иако хотелот објавил на Фејсбук дека имаат заразен работник, на гостите сепак им било дозволено да доаѓаат во хотелот, па затоа не биле информирани за инфекцијата. Само им било кажано дека ќе треба да се одјават до недела и така вистината била прикриена.