(ВИДЕО) Бебето родено како порцеланска кукла ги надминало сите очекувања на лекарите

Ема и Скот Гарсид биле пресреќни кога слушнале дека очекуваат бебе девојче. Бременоста на Ема добро напредувала. Но, кога Шарлот се роди во 2007. година, сите биле шокирани.
Иако Ема ја носела Шарлот речиси 36 недели, девојчето било со големина на бебе родено 16 недели порано. Таа изгледала како порцеланска кукла со мало тело, изразен нос, мали црни очи и мала брада.
Потоа дошла дијагнозата. Шарлот е родена со еден вид примордијален дварфизам кој е толку редок што дури и нема име. Поради ова, Шарлот имала проблеми со растот и развојот на мозокот.
Лекарите ги предупредиле родителите на Шарлот дека нивната ќерка нема да преживее повеќе од една година.
„Изгледаше како дека ќе се скрши ако ја земете во рацете“, рекла Ема.
Но, Шарлот покажала дека е вистински борец. Шест години подоцна, било снимено видео во кое ги опишува нејзиното патување и напредок – неочекувано, но навистина фантастично.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …