Како што порано се наведувало така и се случило.
Кирк Даглас оставил 60. милиони долари за хуманитарни цели…
Светските медиуми нагласуваат дека славниот глумец навистина го направил тоа што го зборувал, и дека неговиот син Мајкл Даглас не добил ниту еден долар од богатството на татко му.
Иако сега светот говори за тоа, овој потег на Кирк Даглас и’ не е некое големо изненадување, бидејќи Кирк е запамтен како голем хуманитарец.
Парите ќе бидат распределени помеѓу Фондацијата Даглас која Кирк ја основал со сопругата Ен Бајден, Универзитетот Сент Лоренс, Синајскиот храм во Лос Ангелес, театарот Кирк Даглас, како и Детската болница во Лос Ангелес.