(ВИДЕО) Бебе првите неочекувани чекори ги направило пред родителите, камерата се’ снимила!

НИКОЈ родител не сака да ги пропушти достигнувањата на своите деца, а понекогаш тие би дале се за да можат да ги доживеат тие моменти.
Едно од првите големи достигнувања на детето се првите чекори. Тие обично вклучуваат многу убедување додека родителите се обидуваат да ги охрабрат своите малечки да дојдат во нивна прегратка.
Но, овие денови стана вирално видео во кое родителите биле запрепастени кога нивниот син ги направил првите чекори во сосема неочекуван момент.
Мама и тато седеле на каучот во дневната соба и гледале телевизија. Нивниот син се држел за каучот и се осмелил да направи пет чекори. Родителите го погледнале со неверување, а целата ситуација ја снимила камера во нивната дневна соба.

@ninjaman87He WALKED it out!! 😎👶🏻


♬ original sound – 🍒


Момчето се свртело кон родителите, ги погледнало и седнало на тепихот. Тие ентузијастички скокаат и почнуваат да плескаат славејќи ги неговите први чекори. Тогаш тато му помага на својот син да застане на нозе, сакајќи да се увери дека она што се случило е реално.
„Мојот син направи нешто важно денес“, напишал таткото на „Тикток“, каде го споделил емотивниот момент и собрал 18. милиони прегледи.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …