(ВИДЕО) БАЈДЕН ПОВТОРНО СЕ ЛИЗНАЛ: Американскиот претседател е повторно во жижата на интересирањето на светската јавност!

Американскиот лидер Џо Бајден за малку повторно ќе настрадал на скалите на претседателскиот авион, но овој пат имал среќа.
Додека се качувал на летот за Питсбург, врнел дожд, така што во еден момент се сопнал, но, сепак, успеал да остане на нозе.
„Не се лизна, иако во едната рака држеше торба, а во другата чадор. Знам дека луѓето видоа како претседателот Бајден се лизна кога влезе во авионот, но тој не беше повреден и не му требаше медицинска помош“, изјавила Кејт Бедингфилд, директор за комуникации во Белата куќа.
Да потсетиме, Бајден го привлече вниманието на светската јавност на 19 март, кога три пати падна на скалите на претседателскиот авион.


Во тоа време, вработените во Белата куќа рекоа дека силните ветрови што дуваа во воената база Ендрус, близу Вашингтон, биле виновни за сè.


Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …