(ВИДЕО) Аудиции за „Ѕвезда број 1“: Летаа искри помеѓу членовите на жирито – Кој беше најинтересен од кандидатите?

Минатиот викенд започна музичкото талент шоу „Ѕвезда Број 1“, кое по иницијатива и идеја на пејачката Елена Петреска,заедно со Пеце Стојкоски, директорот на „Мел Фест“, е одлично освежување на нашата музичка сцена.
Први градови каде се оддржаа аудиции беа Гевгелија, Струмица, Штип и Кавадарци.
Овој викенд се најавени аудииции во Охрид, 12.00 часот и Битола, 18.00 часот , кои ќе се одржат утре ( сабота )и во Прилеп, 12.00 часот и Тетово, 17.00 часот ( недела ).


Жирито има тројца стандардни членови кои ќе ги оценуваат кандидатите, а тоа се: Елена Петреска, Жаре Бербер и Бане Поповиќ, кој воедно е и продуцент на ова шоу.
Сите актуелности и информации поврзани со аудиите може да ги следите на официјалната фан страна на социјалната мрежа „Фејсбук“ – „Ѕвезда број 1“.
Има многу талентирани млади пејачи и пејачки кои ќе можете да ги видите во емитувањето на ова шоу секој работен ден во 17:30 часот на 1ТВ.
Во продолжение ви споделуваме и видео кое ќе ве расположи, но и неколку фотографии од тоа како поминаа првите аудиции:


Викендот што помина се одржаа првите аудиции од музичкото талент – шоу „Ѕвезда број 1“!
Во жирито на ова музичко натпреварување се пејачката Елена Петреска, режисерот Бане Поповиќ и пејачот и шоумен Жаре Бербер, додека четвртиот член се менува во секој град.
И не би било се така интересно доколку и самите членови на жирито се таму само да ги слушаат кандидатите и нивните изведби…
Имено, уште на првите снимања почнаа мали расправии, кои по се изгледа не се дел од сценариото, а за да се уверите во тоа, треба само внимателно да го погледнете видеото.
Главни актери во расправијата беа Жаре Бербер и Елена Петреска, а Бане Поповиќ се најде во улога на медијатор.
Погледнете:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …