Не напушти уште еден млад човек: Почина момчето за кое цела Македонија донираше средства за лекување!

Тоше Илиевски, 30.годишното момче за кое медиумите изминатите неколку месеци повикуваа на донации, утрово почина.
„Почитувани, моето име е Тоше Илиевски, имам 30 години и боледувам од Non- Hodgkin’s lymphoma, или карцином на лимфни жлезди.Поради високите финансиски трошоци и покрај многуте прегледи и лекувања кои ги плаќам лично, би бил благодарен на сите хумани луѓе да дадете доброволен прилог за да можам да ги платам и останатите лекувања, а имам и можност за лекување во странство.Тоше Илиевски“, си побара помош младиот и желен за живот Тоше…но не успеа…


Тоше Илиевски, 30.годишното момче за кое медиумите изминатите неколку месеци повикуваа на донации, утрово почина.
Ова младо и несреќно момче боледуваше од Non – Hodgkin’s lymphoma или карцином на лимфните жлезди. Тој и самиот имаше испратено апел до јавноста за да му се помогне финансиски за лекување и лекови за тешката болест, со која на крајот сепак не успеа да се избори.
Денеска требаше да биде одржана целодневна хуманитарна забава а собраните средства ќе беа наменети за него.
Неговите пријатели, колеги и семејството се шокирани и тажни поради прерано заминатиот Тоше Илиевски.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …