(ФОТО) Шарлиз Терон признала дека синот (7) го одгледува како девојче

„Како родител, моја работа е да славам со нив, да ги сакам и да им обезбедам се’ што им треба за да бидат тоа што сакаат да бидат. Ќе направам се што е во моја моќ децата да ги имаат правата кои им припаѓаат“, рекла глумицата
Холивудската глумица Шарлиз Терон(43), која усвоила две деца, ќерката Аугуста и синот Џексон открила дека седумгодишниот Џексон го одгледува како девојче. Како што изјавила, имал само три години кога и рекол дека не се чувствува како момче па вели дека сега одгледува две убави ќерки.


„Ете! И јас мислев дека е момче. Додека не ме погледна со три години и ми кажа:’Не сум момче!’“, раскажала глумицата за Daily Mail.
Истакнала дека нема да се меша во животот на ќерките бидејќи „се пронаоѓаат“ самите себе.
„Како родител, моја работа е да славам со нив, да ги сакам и да им обезбедам се’ што им треба за да бидат тоа што сакаат да бидат“, и додала:
„Ќе направам се што е во моја моќ децата да ги имаат правата кои им припаѓаат“.



Иако според многу листи важи за една од најубавите жени на светот, американската глумица Шарлиз Терон (43) со години неуспешно бара дечко.
„Слободна сум скоро десет години.Нека некој конечно покаже муда и ми пријде“, открила за Entertainment Tonight.
Со изјавата дека сака дечко глумицата ставила крај на гласините дека е во врска со Бред Пит. Исто така во 2017. година Шарлиз признала дека, и’ покрај низа пропаднати врски, повеќе не сака да се впушта во врска со славните.


Со ирскиот глумец Стјуарт Тоунсенд (47) била во врска до 2002. до 2010. година. После 18. месеци врска се свршила со глумецот Шон Пен (58) но и таа љубов не опстанала.
Била во врска и со Кијану Ривс (54), Рајан Рејнолдс (42) и Александер Скарсгард (42).


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …