Џеремаја Питерсон, татко на три деца, успеал за само пет месеци да ослабне 42. килограми.
Имено, додека бил средовечен дебелко не можел да се дружи со своите синови од 9,7 и 6 години. Кога би тргнале на планинарење тој застанувал и едвај доаѓал до воздух.
После една таква напорна прошетка одлучил да го промени својот начин на живот и за само пет месеци да го истопи сиот вишок килограми!
Питерсон открил дека килограмите ги истопил благодарение на кето диетата и на интензивното напорно вежбање. Секој ден би вежбал барем еден час а покрај тоа имал и „тури“ од пешачење кои траеле по два часа.
Тој истакнал дека „клучот“ на успехот да се трансформирате е само добар и јак мотив кој ќе ве турка напред.
Екран.мк/Фото: Printscreen/Instagram