(ВИДЕО) Актерот се присетил на несреќата: „Размислувате за последните минути од животот, а тие ве снимаат за Фејсбук“

Во неодамнешното интервју за The Sunday Times, Џорџ Клуни (60) се присетил на несреќата во која за малку ќе го загубил животот додека снима филм во 2018. година.
Во оваа прилика, актерот сподели повеќе детали за несреќата на филмот „Квака 22“ на Сардинија во 2018. година, кога автомобил удрил во неговиот мотор.


View this post on Instagram

A post shared by George Clooney + Amal Clooney (@_george.clooney.fanpage_)


„Чекав да ми се исклучи прекинувачот. Сега сум добро“, рекол тој.
Се присетил на моментот кога лежел на земја, а околу него се собирале луѓе кои дошле да видат за што се работи.
Повеќето луѓе го снимиле, што секако го вознемирило.


„Кога сте под будното око на јавноста, сфаќате – вие сте на земјата и размислувате за последните минути од вашиот живот, а за некои луѓе тоа е само забава што ќе ја споделат на својот Фејсбук“, рекол тој.
„Сакате да го земете секој од нив и да ги протресете“, додал тој, не сфаќајќи како наместо да понудат помош, тие ги земале телефоните за да го снимаат тој момент.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …