(ВИДЕО) 39.000.000 ЛУЃЕ СЕ ШОКИРАЛЕ СО ОВАА СНИМКА ОД ВЕНЧАВКА: Парот опасно се ПОСРАМОТИЛ бидејќи невестата заборавила на една БИТНА работа!

Една американска невеста доживеала голема непријатност на свадбата.
Таа не носела една од поважните работи, а за тоа дознале сите гости, како и 39.000.000 луѓе кои го гледаале ова видео на „ТикТок“.
Во западната традиција, фрлањето на жартиерата на невестата на толпа неженети мажи е еднакво на фрлање бидермаер на невенчани девојки. Во некои култури, симнувањето на свадбената жартиера симболизира земање на чистотата и невиноста на девојката.
На оваа венчавка, која стана вирална, оваа традиција била прекината пред сите гости на кои им требале неколку моменти да сфатат дека нешто не е во ред. Невестата тоа го сфатила дури кога младоженецот ја кренал венчаницата и буквално се вовлекол под здолништето со цел да ја симне жартиерата.

Всушност, во целата врева околу венчавката, таа заборавила на својата „невиност“, односно жартиерата што исчезнала без трага. Сите збунето гледаа во невестата, која вознемирено ги замолила пратилките да го пронајдат тоа важно парче еластична лента.
Видеото е објавено на нејзиниот канал на ТикТок од нејзината кума Британи, а има над 15.000 коментари.
Повеќето корисници на оваа мрежа правеле шеги на сметка на збунетата млада жена, а она што најчесто ја прашувале е: „Каде исчезна твојата невиност?“
Во секој случај, жартиерата наскоро била пронајдена, снимките не откриваат каде и кога се наоѓа, а младоженецот го скратил своето страдање и ја извадил со рака наместо со заби. Кумата објавила уште неколку снимки од венчавката, но тие не беа интересни како оваа.

@brittanywlmsWhen you forget the garter @edmerand0 #wedding #fail #weddingfail #ohno #fyp #oops


♬ Oh No – Kreepa


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …