(ВИДЕО) 15. милиони прегледи: Овој филм за борбата со корона вирусот сите би требало да го погледнат!

Додека остатокот од светот само површно ја следи приказната за новата болест која прогонува „таму далеку“ и одмавнувал со рака на медиумите кои го предупредувале дека крајно сериозната, долга и тешка битка против непознат и невидлив непријател е на вратата на целиот свет,кинеските власти на 23. јануари тргнале со серија ригорозни мерки, не само во Вухан, туку и во другите градови во Хубеи, со надеж дека ќе го запрат ширењето на коронавирусот.


Иако станува збор за приказна која, барем во Кина, има среќен крај, документарецот „The Lockdown: One month in Wuhan“ (Заклучување: Еден месец во Вухан) е болно потсетување за едномесечната борба на кинеските власти со болеста, која од ден на ден земала се повеќе и повеќе жртви, а од почетните четириесет новозаболени, бројката наскоро се искачила на скоро застрашувачки 14.000 заразени за само еден ден.


Како што знаеме, тамошните власти неодамна почнале полека да ги олеснуваат мерките откако една недела не бил забележан нов случај.
И додека на социјалните мрежи често се шират премногу ступидни теории на заговор, видеата насочени кон намалување на сериозноста на пандемијата, непроверените информација и веќе донекаде нејасните мемови за короната, овој получасовен документарен филм, кој за кратко време собрал над 15. милиони прегледи, треба да стане нов „хит“. Особено во државите чии жители сè уште не ја разбираат тежината на ситуацијата со која се соочуваат.


Документарецот е исто така важен затоа што меѓународните здравствени експерти ги пофалија потезите на кинеските власти, велејќи дека тие биле клучни во забавување на ширењето на вирусот во остатокот од светот најмалку две до три недели, а искуството на јасно успешната борба против вирусот е клучно за земјите кои допрва тргнуваат во оваа борба
Во исто време, ова е, како што велат авторите на филмот, „Посвета на сите што неуморно се бореа против вирусот КОВИД-19 за да ја стават епидемијата под контрола. Нивната одбрана на човештвото ќе остане засекогаш запаметена“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …