(ВИДЕО) 113. годишна од Шпанија преболела коронавирус: „Среќна сум што сум жива!“

113. годишна жена, за која многумина веруваат дека е најстарата личност во Шпанија, се опоравила од заразата со новиот вид на корона вирус, соопштиле од нејзиниот старечки дом.

На Марија Брануас корона вирусот и бил дијагностициран во април и престојувала во својата соба, во самоизолација, пишува DW.
„Преживеа и се опоравува“, рекла портпаролката на Домот за стари лица и болните.
„Сега се чувствува добро. Таа направи тест минатата недела и беше негативен за коронавирусот“, додала таа.
„Среќна сум што сум здрава“


Во видеото прикажано на шпанскиот канал ТВ3, Брануас изјавила дека сега е среќна што е здрава и го опишала домашниот персонал како „многу љубезен и многу внимателен“.
Неколку други жители на истиот дом,во шпанскиот град Олот, починале од Ковид-19.
Брануас не е единствениот стогодишник што го победила новиот вид на коронавирус. Минатиот месец, 106-годишната Кони Титчен била отпуштена од болница во Велика Британија, откако ја совладала инфекцијата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …