Ви донесуваме рецепт за леб во кој ќе можете да уживате без грижа на совест

Сакате да се храните поздраво, но животот без леб ви се чини невозможен?
Дефинитивно спаѓате во повеќето луѓе кои се навикнати да конзумираат пекарски произвори на дневна база. Сепак, лебот не мора нужно да биде направен од бело брашно и да предизвика грижа на совест со секоја изедена кришка.
Ви донесуваме рецепт за здрав и вкусен леб направен претежно од семки и јатки кои ќе ве заситат со помало количество и кој има занемарив удел на јагленихидрати па е погоден и за лица на кето диета.
Потребни состојки за лебот се:
110 г сусам
90 г ленено семе
80 г семки од тиква
120 г ореви
4 јајца
1 лажичка сол
1 лажичка сода бикарбона
Подготовка: прво сомелете ги сите семки и оревите(ако сакате можете да оставите неколку покрупни парчиња ореви). Потоа додајте ги во останатите состојки и ако е потребно малку вода, или семки (во зависност колку се големи јајцата). Смесата истурете ја во калап за печење обложен со хартија за печење.
Лебот печете го во рерна загреана на 250. степени додека не прими златно-црвена боја, а потоа намалете на 180. степени и покријте хартија за печење и продолжете да печете уште еден час.
Овој леб одлично оди и со слатки и со солени додатоци, така што може да биде полн погодок за сите.Добар апетит.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …