Вејн Руни повторно ја измамил сопругата!? Го нашле во хотел со три девојки – интервенирала и полицијата!

Поранешниот фудбалер Вејн Руни повторно се најде среде скандал. Тој завршил на насловните страници на странските медиуми по бурниот излет со неколку девојки кои имале по 21. година, а сега вели дека е предмет на местенка.
Руни бил во ноќен клуб и се забавувал, каде беа присутни и инфлуенсерката Тејлор Рајан и нејзините две пријателки. Според „Дејли меил“, фудбалерот се бакнувал со една од нив, а подоцна сите завршиле во хотел во Манчестер.
Нивното излегување завршило откако Вејн повикал полиција додека девојките започнале да ги фотографираат своите пријателства и да ги објавуваат на социјалните мрежи. Во една снимка, Руни лежи на подот од собата, опкружен со голи девојки


Руни повикал полиција затоа што се сомневал дека го користат за унапредување и дека целата ситуација е наместена. Родителите на девојките јавно му соопштиле на фудбалерот дека се срамат од однесувањето на своите ќерки и му се извиниле. Тејлор Рајан потоа го затворила својот профил на Инстаграм за јавноста.


Колин неколку пати дознала дека Вејн ја изневерил. Му рекла дека ќе го остави, но досега секој пат му простувала. Тие се во брак од 2008 година и имаат четири деца.
Колин сè уште не прозборувала за новиот скандал со прељуба.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …