Вечер на современи кореографи на Танц Фест Скопје 2024

Вечерва со почеток во 20:00 часот во Младинскиот Културен Центар во Скопје, во рамките на 20-то јубилејното издание на Танц фест, ќе може да уживате во вечер на современи кореографи.

Ќе може да ги погледнете следниве перформанси:


„Шест мали парчиња“
Вертикалити танцова компанија, Линц, Австрија
Кореографија и изведувач: Марија Шуркал

„Не сум во собата“
Вертикалити танцова компанија, Линц, Австрија
Кореографија и изведувач: Каи Чун Чуанг


Поддржано од Амбасадата на Австрија во Скопје
Ко-продукција на „Austrian Cultural Forum Brussels“ и „Future Fund Austria“

„Гризење“
Кореографија и изведувач: Тереза Лазарев


ГРИЗЕЊЕ е кореографско дело на Тереза Лазарев во кое Тереза се јавува како кореограф и изведувач. Во ова дело, Тереза го зема глаголот гризе како појдовна точка за генерирање на движења. Таа изведува движења кои што на момент може да се прочитаат како апстрактни движења, а на момент да носат конкретно значење. Прашања со кои што таа работи се: кој гризе, што гризе и како гризе? Преку имагинација, Тереза креира танцово тело кое не се фиксира на една танцова состојба, туку инкорпорира во танцовиот перформанс промена на повеќе состојби. Со ова дело таа пробува да замисли тело кое на момент се трансформира во играчка, а на момент во диво животно, тело кое пробува да најде начин како да комуницира, како да опстане, како да сонува.

„Језгро“
Кореографија и изведувачи: Бисера Димчева и Наталија Трифуновиќ

Водени од филозофската мисла на Хераклит “Panta Rei” или “Се тече, се сè менува”, креиравме танцова студија за односите меѓу луѓето. Бескрајна кружност, бесконечно соединување на почетокот и крајот, метафора за цикличната природа на животот. Моменти на соединување и одвојување прикажани преку хипнотизирачката моќ на вртењето. Заробени во овој магичен круг, изведувачите ги истражуваат крајностите на блискоста, далечината и сè што е помеѓу.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …