Проекција на модни филмови во рамки на Неделата на модна револуција 2024

Денес во Europe House Скопје, со почеток во 18:00 часот, а во рамките на Неделата на модна револуција 2024, ќе се одржат проекции на модни филмови.

Модна револуција, најголемото светско движење за моден активизам, ја одбележува 10-годишнината со Неделата на Модната револуција 2024 година.


Неделата на Модната револуција е нашата годишна кампања која го обединува најголемото светско движење за моден активизам. Неделата на Модната револуција во 2024 година ќе одбележи 10 години од Модната револуција со десет дена акција, обединувајќи ги заедниците ширум светот преку серија интересни локални настани во седумдесет и пет земји, вклучувајќи ја и Македонија. Оваа година кампањата ќе трае од 15 до 24 април.

Ние ја обожавама модата и истовремено сме свесни дека има итна потреба за промена. Горливите теми во модната индустрија, кои се движат од експлоатација на работници до деградација на животната средина, претставуваат застрашувачки етички и одржлив предизвик. Сепак, филмот нуди моќна алатка за анализа на овие сложености и поттикнување на акција. Филмовите кои се занимаваат со начинот на кој се третирани луѓето кои работат во модната индустрија, како и последиците за животната средина, служат како потресни рефлексии на реалноста, поттикнувајќи нè повторно да го процениме нашиот однос со облеката и потрошувачките навики.


Тимот на македонскиот огранок на Fashion Revolution направи избор на филмови за одржлива мода и ве поканува дводневната ревија на моден филм што ќе се одржи на 16 и 17 април во удобниот простор на нашите еко пријатели Europe House во Скопје, се вели во објавата од организаторот на овој настан.

Филмови:
1. Fashion Reimagined (2022) на Беки Хатнер / Becky Hutner (100 min)
2. The next Black (2014) на David Dworsky/Дејвид Дворски, Victor Kohler / Виктор Колер (47 min)
3. UNSTITCHED на Jenny Rygalska / Џени Ригалска (43 min)


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …