ВАЖНО Е ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ – Два симптоми му претходат на ненадејниот срцев удар од што почина ќерката на Елвис Присли

Лиза Мари Присли (54), ќерката на Елвис Присли, почина вчера по ненадеен срцев удар. Оваа состојба резултира со смрт доколку не добиете навремена медицинска помош, па затоа е важно да ги препознаете раните симптоми на состојбата.
Ненадеен срцев удар е состојба која укажува на прекин на срцевата активност и ситуација во која по медицинска интервенција се обновува спонтаната циркулација и пациентот преживува. Во случај кога ќе дојде до фатален исход, се користи терминот ненадејна срцева смрт.

Ненадеен срцев удар не е исто што и срцев удар, кога протокот на крв во дел од срцето е блокиран. Сепак, срцев удар понекогаш може да предизвика нарушување што доведува до ненадеен срцев удар, пишува клиниката „Мајо“.


Ако не се лекува веднаш, ненадеен срцев удар може да доведе до смрт. Преживувањето е можно со навремена, соодветна медицинска нега. Кардиопулмоналната реанимација (CPR), користењето на дефибрилатор или дури и само давање компресии на градниот кош може да ги подобри вашите шанси за преживување додека не пристигне брзата помош.

This image has an empty alt attribute; its file name is simptomi-za-zastoj-na-srce.jpg


Околу 350.000 луѓе само во САД умираат од срцев удар секоја година. Неодамна, во Портланд била спроведена студија која следела луѓе кои страдаат од ненадеен срцев удар повеќе од една деценија. За тоа време биле интервјуирани многу луѓе блиски до жртвите, како и преживеани, а детално била прегледана нивната медицинска евиденција.
Откриле дека половина од пациентите на средна возраст искусиле предупредувачки знаци пред застојот, најчесто во форма на болка во градите и отежнато дишење, кои започнале околу еден месец пред застојот.

Претходен срцев удар, коронарна срцева болест и некои наследни нарушувања кои влијаат на работата на срцето го зголемуваат ризикот од ненадеен срцев удар, а на луѓето кои знаат дека се изложени на зголемен ризик можеби ќе треба да им се вгради дефибрилатор за да се врати срцето во правилен ритам. .
Иако четвртина од луѓето кои имале срцев удар не доживеале симптоми, повеќе од половина доживеале барем еден, при што повеќето имале симптоми во рок од 24 часа пред зџастојот, иако некои имале симптоми и до еден месец порано.


Болките во градите се јавуваат најчесто кај мажите, додека кај жените е поголема веројатноста да останат без здив. Други симптоми на кои треба да внимавате се несвестица и неправилни отчукувања на срцето.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Воскресение Христово (втор ден)

Воскресение Христово (втор ден) Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа …