Вашиот партнер бил изневерен во претходната врска? Овие работи треба да ги имате на ум

Страшно е чувството да се биде измамен и изневерен од партнерот. Тоа е грдо и трауматично искуство.
Повеќето луѓе се соочиле со ова во одреден момент од животот и чувството им е познато. И ако моментално гледате некој кој бил изневерен во претходната врска, добро е да имате на ум неколку работи.
Важно е да се грижите за туѓите чувства, а за другата страна да се чувствува безбедно и сакано, треба да правите одредени работи.
Психологот Карин Андерсон Абел советува дека мора да ги имате на ум и да ги правите следниве работи:

Бидете верни
Верноста треба да се подразбира, но ако вашиот партнер е изневерен, можеби ќе биде потребно дополнително уверување. Луѓето кои го доживеале ова искуство често имаат недоверба, вели Карин. Без разлика во каква врска сте, најважно е да бидете искрени и верни и да не изневерувате, бидејќи само така партнерот ќе ја изгуби вербата во врските.


Не давајте причина за сомнеж
„Однесувајте се на начин кој им дава најголема сигурност и самодоверба. Покажете им дека сте верни и убедете ги во тоа“, советува психологот.
Внимавајте да не флертувате со други луѓе, бидете отворени и искрени со партнерот и секогаш бидете доследни. Направете напор околу него и покажете му внимание. Ако не сте спремни за такво нешто, не ни влегувајте во врска, особено не со некој кој бил изневерен и повреден во претходната врска.

Бидете нежни
Иако е важно да бидете сочувствителни и да го поддржувате партнерот, од друга страна, треба да препознаете и кога сте направиле се што е во ваша моќ.


Не ги поправајте нивните рани
„Има луѓе кои имаат комплекс на спасител и може да преземат премногу од процесот на лекување на својот партнер. Оној кој е изневерен ќе зрачи со таква енергија, но не е работа на новиот партнер да го поправи тоа“, објаснува Карин.
Колку што не е лесно да те изневерат, исто така не е лесно да се биде со некој што се сомнева дека ќе го изневерите. Потрудете се да му покажете на партнерот дека може да ви се верува. Бидете трпеливи и научете ги повторно да веруваат, а притоа да останете верни на себе и на сопствените потреби.

Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …