„Урнебесно“: Видеото од Мис Универзум 2018 стана хит поради претставничката на Франција

МИС УНИВЕРС ќе се одржи на 14 јануари во Њу Орлеанс. Додека девојките од различни делови на светот се подготвуваат за големото финале, некои се присетиле на натпреварите од претходните години.
На социјалните мрежи се прошири видео од 2018 година поради тогашната француска претставничка Ева Колас, која насмеа многумина со начинот на кој го кажа името на својата земја при нејзиното претставување на сцената. Имено, додека другите девојки гласно го извикуваа името на својата земја, гласот на Ева како да „пукна“.


„Не знаев дека се уште има избор за Мис, но гледав една Французинка како се претставува половина час“, е еден од коментарите на Твитер.
„Ова е мојот рингтон сега“, „Ова е урнебесно“, „Ова го гледав милион пати“, „Ова сум јас се обидувам да пеам караоке“, „Ова е сè“, „Толку долго го чекав да дојде во Франција, но на крајот вредеше“, се некои од останатите коментари.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …