УБАВИ ВЕСТИ: Кинеските научници ја потврдиле ефикасноста на рускиот лек за корона!

„Кинеските научници потврдија дека рускиот лек Triazavirin, според прелиминарните резултати од истражувањето, е ефикасен во борбата против вирусот корона’, изјавил потпретседателот на Руската академија на науките, Валери Чарушин.
„Triazavirin има позитивен ефект во борбата против вирусот корона: ја намалува должината на болеста, намалува многу симптоми. Оваа информација ја добивме од претседателот на Медицинскиот универзитет Харбин, Јанг Баофен. Засега, одговорот е неофицијален, бидејќи истражувањето не е завршено. Резултатот е прелиминарен, потребно е да се продолжи со работата, но во целина има позитивен ефект“, известува Уралскиот федерален универзитет за зборовите на Карушин.
Рускиот универзитет објавил дека 245. пациенти, со пневмонија, учествуваат во тестирањето на рускиот лек во Кина.
Претходно беше објавено дека во февруари, на барање на кинескиот конзулат во Екатеринбург, научниците го испратиле препаратот во Кина за тестирање против вирусот корона.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …