Том Хенкс: „Снимав еден куп филмови, а само четири се прилично добри“

ПО повеќе од 30. години актерска кариера, Том Хенкс во едно неодамнешно интервју изјавил дека има само четири филма во неговиот опус што ги смета за „прилично добри“.
Добитникот на Оскар, кој глумеше во бројни блокбастери од Форест Гамп до Елвис, го најави својот претстоен роман „The Making of Another Major Motion Picture Masterpiece“ (Создавање уште едно големо филмско ремек дело) кој ќе биде објавен на 9. мај 2023. година. Книгата е измислен приказ на настанот на филм за суперхерои од повеќе милиони долари и стрипот што го инспирирал.
„Никој не знае како се прави филм, иако сите мислат дека знаат. Снимив еден куп филмови, а четири од нив се прилично добри, барем така мислам. Сè уште сум изненаден од тоа како се спојуваат филмовите. Од идејата до треперењето на сликата на екранот, целиот процес е чудо“, изјавил Хенкс за People, додавајќи дека „снимањето филм е многу тешка работа која бара долг временски период“.

View this post on Instagram

A post shared by Tom Hanks (@tomhanks)


Разговорот за продолжението на Форест Гамп траел само 40. минути
„Тој период се состои од толку многу моменти на радост, наспроти чувствата на омраза кон себе. Тоа е најголемата работа на светот и најзбунувачката работа што ја знам“, рекол актерот. Тој претходно изјавил дека идејата за потенцијално продолжение на „Форест Гамп“ била одложена речиси веднаш по успехот на првиот филм, кој најверојатно е на неговата листа од четири „прилично добри“ филмови.


View this post on Instagram

A post shared by Tom Hanks (@tomhanks)


„Ќе кажам дека се обидовме да разговараме за уште еден ‘Форест Гамп’, но разговорот траеше само 40. минути“, открил Хенкс, додавајќи дека после тој разговор не се ни обиделе повторно да ја покренат темата.
Во ерата на повеќе продолженија, рестартирања и репризи, Хенкс додаде дека нема „обврска“ да ја повтори својата позната улога на Форест по оригиналниот филм од 1994. година, за време на чие производство дури и плаќал од џеб за одредени сцени, како на пример Култната трка на Форест низ Америка.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …