(ФОТО) Починала најфотогеничната актерка на светот: Нејзината убавина го маѓепсала цел свет

Актерката остана запаметена по бројни улоги
Вениша Стивенсон, почина на 84-годишна возраст од последиците на Паркинсоновата болест, објавија странските медиуми. Актерката и манекенка која сите ги маѓепса со својата фотогеничност ќе остане запаметена по улогите во филмовите „Darby’s Rangers“, „Island of Lost Women“ и „Horror Hotel“.
Таа е родена во 1938. година во Лондон, а била ќерка на филмскиот режисер Роберт Стивенсон и актерката Ана Ли. На само 17. години во 1956. година, таа се омажила за актерот и танчер Рус Тамблин.
Таа се развела од него само една година подоцна, а имала и романтични врски со Елвис Присли, Енди Марфи, Таб Хантер и Ентони Перкинсон.

Деветнаесет месеци откако се омажила за Тамблин во капелата Wayfarers во Палос Вердес, магазинот Popular Photography ја прогласил за „најфотогенична девојка на светот“ од 4.000 натпреварувачи во своето издание од септември 1957. година.
Стивенсон ја прифати нејзината награда во емисијата „The Ed Sullivan Show“ на CBS, каде штотуку разведената манекенка првпат се сретна со Еверли, која беше таму за да настапи со нејзиниот брат Фил. Следната година, кога Darby’s Rangers се појави во кината, нејзиното лице се појави на лименки и шишиња „Sweetheart Stout“, произведен во Шкотска.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дуото Short Reports го објави спотот за песната „Ствари“

Спотот за песната „Ствари“ од новиот албум на дуото Short Reports беше објавен во петокот, …