ТОЈ ЛУД СВЕТ – Љубовницата му го уништила бракот, пророчка му ги земала парите, а тој бара правда и 25.000 долари на суд

Американец тужи пророчка која тврдела дека, за поголем износ, може да ја отстрани магијата што вештерка, на барање на неговата љубовница, ја ставила во неговиот брак.
Мауро Рестрепо тврди дека пророчка му ветила дека повторно ќе биде среќен ако и плати 5.100 долари за да направи магија. Но, откако платил голема сума пари, животот на човекот од Лос Анџелес не бил подобар, според судските документи.
Сега ја тужи пророчицата за измама и бара отштета од 25.000 долари.
Рестрепо вели дека ја барал Софија Адамс, која се претставува како „психички експерт за љубов“, за да излезе од несреќниот период.


„Според Адамс, таа лоша среќа му ја донела вештерка ангажирана од неговата поранешна девојка“, се вели во тужбата поднесена во судот во Лос Анџелес.
Според тужбата, Адамс му рекла дека ако магијата не се отстрани, несреќата може да ги уништи Рестрепо, неговите деца и бракот.
Но, и покрај тоа што првично добила 1.000 долари, Адамс „на ниту еден начин не му помогнала на бракот“.
Тужбата, која ги вклучува сопругот и ќерката на јасновитката и сопствениците на станови, тврди дека Рестрепо претрпел непроспиени ноќи, вознемиреност и неизвесност поради неуспешното отстранување на проклетството.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 29.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Можно е денес да комуницирате со некој од минатото кој би можел да …