ТОЈ Е ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД НАЈПЛАТЕН ГЛУМЕЦ: Ќе ви се сврти во глава од бројките кои Двејн Џонсон ги заработува!

Втора година по ред, Двејн Џонсон или популарниот „Рок“ е прогласен за најплатен актер, пишува списанието „Форбс“.
Поранешниот борач, наводно, заработил 87.500.000 американски долари помеѓу 1 јуни 2019 година и 1 јуни 2020 година, вклучувајќи и 23.500.000 американски долари од еден трилер во кој глуми.
Кога ќе се собере заработката на првите десет најплатени актери во изминатата година, излегува дека заедно тие заработиле 545.500.000 долари.


Џонсон за прв пат беше на врвот на листата во 2016 година, заработувајќи вкупно 64,5 милиони долари.
Рајан Ренолдс (43), колега на Џонсон од филмот „Red Notice“ (Црвено известување), е втор најплатен актер со заработка од 71,5 милиони долари. Тој од овој филм направи 20 милиони долари и дополнителни 20 милиони долари од „Six Underground“ (Шесто подземје).


Зад нив е актерот и продуцент Марк Валберг (49), кој заработи 58 милиони долари, додека Бен Афлек (47) е на четвртото место, а Вин Дизел (53) е на петтото место на најплатените актери во светот.
Веднаш зад него стои индискиот актер Акши Кумар (52). Тој е единствената ѕвезда на Боливуд кој се најде меѓу првите 10 најплатени актери во светот. Тој е на шестото место со заработка од 48,5 милиони долари.
На врвот на списокот „Форбс“ се Лин-Мануел Миранда (40), Вил Смит (51), Адам Сендлер (53) и Џеки Чен (66). Списокот со имињата на најплатените актерки сè уште не е објавен. Минатата година Скарлет Јохансон (35) беше на врвот на листата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …