(ФОТО) Неготинчани појаки од короната: Одржан традиционалниот Џез фестивал „Jazz 1440“ – Неготино 2020

Синоќа во Неготино, под покровителство на центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ се одржа традиционалниот џез фестивал „Jazz 1440“ – Неготино 2020.
Неготино веќе традиционално секоја година го одржува овој фестивал, но оваа година поради ситуацијата со корона вирусот фестивалот се оддржа на платото пред Центарот за култура, „Ацо Ѓорчев“ во Неготино.


Променливото време не ги спречи љубителите на музиката да присуствуваат на фестивалот на кој учествуваат „Филип Стевановски Бенд“, „Бонга бенд“ и Ѓоко Ѓорчев…



Како што ни рекоа актерите на оваа фестивалска вечер мило им е што Центарот за култура ја продолжува традицијата и во ова време на корона вирусот, како и дека имаше голем интерес кај неготинчани кои ниту дождот не ги „избрка“ од платото пред Центарот каде оваа година, поради веќе ограничувачките мерки за социјална дистанца, беше одржан фестивалот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …