Државниот орган за гарантирање лични податоци побара од социјалната мрежа ТикТок веднаш да ги блокира сите корисници чија старост не е потврдена со сигурност, пишува весникот „IL Fato kotidijano”. Додека трае истрагата за смртта на девојче од Палермо поради предизвик на „ТикТок“, оваа апликација е блокирана во Италија.
Имено, едно десетгодишно девојче починало задушено, очигледно учествувајќи во апсурдна игра на „предизвици“ – еден од многуте кои се широко распространети на платформата и се многу популарни меѓу младите.
Девојчето е пронајдено во бањата со појас околу вратот врзан за радијатор, итно е пренесена во болница, но и немало спас.
Полицијата го истражува мобилниот телефон на девојчето, кое имало неколку профили на Фејсбук и ТикТок. Се верува дека последната снимка на девојчето додека учествувала во „предизвикот“ ќе биде во нејзиниот мобилен телефон, но евентуално и трага од оној што ја охрабрил на тоа.
Родителите на девојчето се согласиле органите да и бидат трансплантирани и да спасат животи на четири болни деца.
По повод трагичниот настан, психологот Калогеро Ло Пиколо изјавил дека „сите сме учесници во реално шоу кое бара нови подвизи за да освоиме поени“.
„Сите учествуваме во исто време и сите сме подеднакво губитници“, тврди психологот Ло Пиколо.