ТИБЕТАНСКА ВЕЖБА ЗА ТИРОИДА! Еве како да ги подобрите нејзините перформанси во само 5. чекори, А важно е ТОА да го правите РЕДОВНО!

Тибетансската вежба за тироидната жлезда го зголемува протокот на крв во жлездата, што е многу добро за нејзината работа.

1. Истријте ги дланките една од друга за да бидат топли. Вашите топли дланки нежно ставете ги на тироидната жлезда и држете ги десет секунди.


2. Проголтајте плунка три пати по ред или испијте три голтки вода.

3. Издишете. Како што издишувате, свиткајте ја главата напред и притиснете ја брадата кон градите што е можно поцврсто. Држете ја брадата така неколку секунди без да дишете. Кога ќе почнете да вдишувате воздух, подигнете ја брадата нагоре и зафрлете ја главата назад. Затегнете го вратот што е можно повеќе. Подигнете ја долната усна за да преминете преку горната. Направете го ова додека вдишувате воздух. Држете ја главата во оваа позиција неколку секунди. Кога ќе почнете да издишувате, спуштете ја главата повторно и притиснете ја брадата на градите.


4. Додека брадата е на градите, полека свртете ја главата налево, а потоа надесно, без да ја одделите брадата од градите, така што ќе ги притиснете градите со страните на брадата. На овој начин се изведува одлична масажа на тироидната жлезда.


5. Повторно правете како во точките 1,2,3,4. Главата се крева со вдишување на воздух и се спушта со издишување. И така во круг (десет пати).

Вежбата може да се направи во седечка или стоечка положба. Треба да се прави редовно и често, бидејќи доведува до подобрување на состојбата на тироидната жлезда. Особено е корисно кај хипотиреоза.
Како и со другите тибетански вежби, психолошката компонента на вежбата е важна. Вежбата ја правите со љубов кон вашето тело и заболената тироидна жлезда.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …