ТЕЛЕВИЗИСКО ДЕБИ – Арнолд Шварценегер ќе глуми во нова шпионска серија

Ќе се прикажува на Телевизијата Скајденс
Легендарниот акционен актер, Арнолд Шварценегер, ќе глуми во новата едночасовна шпионска серија, која ќе се емитува на телевизијата „Скајденс“, тврди „Варајети“.
Покрај главната улога, Шварценегер ќе биде и извршен продуцент, а тоа ќе биде неговото телевизиско деби.
Заплетот на серијата е опишан како шпионска авантура со татко и ќерка во центарот на приказната.
Сè уште не е познато кој ќе ја игра ќерката на Арнолд.
Со овој проект, Шварценегер ќе ја продолжи соработката со Skydance, која ја реализираше на последните два филма за Терминатор – „Терминатор Генисис“ и „Терминатор: Темна судбина“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …