Тел Авив „подига“ град од шатори за Евросонг: „Урбано кампување“ за гостите!

Две илјади туристи кои во мај имаат намера да дојдат на Евросонг во Тел Авив ќе можат наместо сместување во скапи хотели да изберат „урбано кампување“
Градските власти објавиле дека на туристите ќе им понудат базично кампување, но и полуксузна варијанта.
„Градот од шатори“ ќе биде подигнат во паркот Јакон, блиску до салата во која ќе биде одржан Евросонгот и ќе ги има сите потребни содржини какви што обично ги придружуваат кампувањата.
Се очекува дека европското пејачко натпреваруавње во Тел Авив, град со нешто повеќе од 400.000 жители, ќе привлече најмалку 10.000 туристи од странство
Градоначалникот Рон Хулдаи објавил дека цените на кампување ќе бидат пристапни, но не изнел конкретни бројки.
Тоа секако ќе биде добра опција за дел од туристите бидејќи цените на хотелското сместување во Тел Авив „одлетале кон небо“ за време на одржување на Евровизија.
Израелската пејачка Нета Барзилаи победи на Евросонгот 2018., година во Лисабон и така ја создаде можноста оваа година нејзината земја да е домаќин на овој евровизиски натпревар.
Низа меѓународни културни работници ја критикувале одлуката на Израел да му се дозволи организација на Евросонг и повикуваат на бојкот на настанот, обвинувајќи ја израелската влада за системско кршење на човековите права на Палестинците.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …