СЗО:Повеќе од 278.000 нови случаи на корона вирус за само 24. часа

Во последните 24 часа во СВЕТОТ регистрирани 278.229 нови случаи на коронавирус, а починаа уште 6.815 лица, објави синоќа Светската здравствена организација.
Според податоците за петок, во светот биле заразени 18,9 милиони луѓе, а повеќе од 709.000 починале.
Статистиката на СЗО се заснова на официјално потврдени податоци објавени од земјите.
Јужна и Северна Америка имаат најмногу потврдени случаи, над 10,1 милиони. Во текот на денот биле заразени уште 154.111 лица, а 4.598 починале.
Во Европа биле заразени над 3,5 милиони луѓе, а 215.640 умреле. Во петокот биле регистрирани над 25.000 нови случаи, а 416 починале.
Во Југоисточна Азија се регистрирани 2,4 милиони пациенти и над 50.000 жртви.
Најмногу заразени има во САД, Бразил, Индија, Русија, Јужна Африка, Мексико, Перу, Чиле, Колумбија и Иран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …