Струмичката епархија му го одзела благословот да свештенодејствува: Поп Боро веќе не е поп – ДОДЕКА НЕ СЕ ПОКАЕ!

Телевизискиот канал „Вис“ од Струмица предизвикал неверување кај верниците во нивната средина…
Струмичката епархија му го одзела благословот на поп Боро да свештенодејствува поради неговорто срамно и неодговорно однесување…
Одлуката и соопштението на Струмичката Епархија ви ги пренесуваме во целост:

„По повод манипулативното, неодговорно, и срамно за достоинството на еден свештеник однесување, на свештеникот Боро Милчев, кому што и покрај се, му се остави простор да се поправи и покае, но за жал, иако посакувавме, се’ досега тоа не се случи туку напротив без благослов продолжува да врши различни свештенодејствија по домовите и деловните објекти во градот Струмица и пошироко, влегува во парохии каде што не е назначен, без благослов и спротивно на волјата на надлежниот архиереј, се дрзна да отпочне градбa на ‘црковен храм’ во близина на својот имот во с. Смолари каде што има свој приватен бизнис, без никакво одобрување или знаење на митрополитот струмички г. Наум, и за истиот веќе има решение за рушење, бидејќи се е направено на крајно нелегален и криминален начин. Го известуваме верниот народ на МПЦ-ОА кој живее во Струмичката Православна Епархија, дека на погоренаведениот свештеник му е изречена забрана за свештенодејство се додека не се покае и не се врати во послушание на Црквата и не ја прифати одлуката со која е назначен на парохијата која ги опфаќа селата Дукатино и Радичево, и каде што единствено има благослов да делува како свештеник. На крајот, наша должност е да ве известиме дека овој човек, иако носи свештеничка облека, не доаѓа во име на Црквата, и не го носи благословот Божји, туку напротив ја разградува Црквата и го соблазнува верниот народ, за срам на Црквата, а на штета на својата сопствена душа и лично спасение“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …