(ФОТО) ШТО МУ ПРАВИ КОРОНА НА ТЕЛОТО – Шест неделна борба во болница:„Се надевам дека овие фотки на сите кои мислат дека не се под ризик ќе им ги отворат очите!“

Медицинското лице, Мајк Шулц (43) од Сан Франциско во март бил хоспитализирана поради Ковид-19, а неговата борба траела скоро два месеци…
Мајк Шулц (43) – медицински брат во Медицинскиот центар во Сан Франциско, во Калифорнија, на 10. март


започнал да чувствува симптоми еден ден откако отпатувал во Бостон да се сретне со својот пријател. Тој бил хоспитализиран за коронавирус кон средината на март. Повеќе од шест недели, тој бил на распиратор во болницата Сент Елизабет во Брајтон, Маса.
Најблиските на Шулц започнале со GoFundMe за да помогнат во покривањето на неговите медицински трошоци. „Сите ние сме свесни колку е скап престојот во болниците“, се наведува на страницата за информирање. “Покрај тоа, неможноста на Мајк да работи во ова време и за време на неговото закрепнување ќе предизвика огромен финансиски товар што тој не треба да го носи сам. Да помогнеме сите на овој неверојатен човек, колку што можеме – секој долар помага и многу ќе му значи“.


По објавувањето на написите за Шулц, во американските медиуми, кој минал 57. дена во болница и успешно закрепнал, фондот за помош од 12.000 се зголемил на 20.000 долари.


„После 57. дена минати во болница и на рехабилитација без можност за средби и посетители конечно си одам дома. Планирам и понатаму да продолжам да се опоравувам. Засекогаш сум благодарен за донациите, љубезните зборови и молитви. Искрено верувам дека токму тие ми помогнаа во мојата долга борба и стравови низ кои минував“, рекол Мајк Шулц по излегувањето од болница на 15. мај.


„Оваа фотка (десно) ја направив за да покажам колку престојот во болницата се одрази на моето тело после 6. недели минати на респиратор. Ме покажува како стојам што не бев во состојба да го направам во изминатите недели. Фотката лево ме покажува мене пред заразувањето со корона вирусот. Се надевам дека овие фотки на сите кои мислат дека не се под ризик ќе им ги отворат очите“, апелирал Шулц за сите оние кои не веруваат во опасностите што овој вирус ги носи.
Во своите исповеди Мајк Шулц признал дека откако бил ослободен од респираторот бил дезориентиран, не можел да ги движи нозете а учел и повторно да зборува…а додека бил во болница ослабнал 22,5 килограми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најголемото велигденско јајце во Македонија

Во село Мокрино, вгнездено во Струмица, Велигден носи посебна традиција. Годинава во центарот на вниманието …