Среќен роденден Мартија Станојковиќ !!!

Мартија Станојковиќ е родена на 7 април 2004 година во Куманово. Таа започнала да го развива нејзиниот музички талент кога имала само 5 години, приклучувајќи се на денс студиото “Ултра”. На 7 годишна возраст ја снимила својата прва песна „Пејачка ќе станам“ со која настапила на кумановскиот детски фестивал „Детелинка“.

Во септември 2015 го започнала своето учество во регионалното музичко натпреварување „Пинкови ѕвездички“ кое се одржувало во Белград, Србија во организација на Телевизија Пинк, каде постигнала голем успех. Во текот на десетте месеци колку што траело шоуто била еден од протагонистите и со својот неверојатен глас, шарм и сценски настапи успеала брзо да се наметне и да биде меѓу фаворитите за победа. Во суперфиналето одржано на 3 јули во кое останале само десетте најдобри натпреварувачи, го освоила второто место.


На 24 јули 2016 била избрана да ја претставува Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија 2016 во Малта. Нејзината песна насловена како “Love will lead our way” била претставена во октомври. На Детскиот избор за песна на Евровизија 2016 одржан на 20 ноември таа го освоила 12-тото место со 41 бод во конкуренција на 17 земји учеснички. Со тој пласман било избегнато последното место за Македонија на натпреварот за првпат од 2012 година.

Од тогаш па наваму е активна на македонската музичка сцена и секогаш е на врвот од топ листите со своите хитови.


Редакцијата на Екран и го честита роденденот на Мартија и и посакува богата и успешна музичка кариера.

 


 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …