12-то издание на Авицена Женска Трка

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и АК Работнички, а под покровителство на Град Скопје на 7 април 2024 ќе се одржи 12. издание на АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА.

Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување на возраст.


Програма:

Настанот е предвиден да се одржи по следниот редослед:
• 09.40 – Аеробик загревање
• 10.00 – Старт на трка на 3км
• 10.45 – Прогласување на најдобрите
• 11.00 – Доделување награди од лотаријата


По завршување на трката ќе има забава.

Награди:


Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три (според Chip Time) по возрасни категории.

Категории:

• до 12 години
• до 14 години
• до 18 години
• до 30 години
• до 40 години
• до 50 години
• до 60 години
• 60+ години

По прогласувањето на најдобрите, следува доделување на наградите од лотаријата. Извлекувањето на лотаријата ќе се одржи еден ден пред трката и ќе има пренос во живо на Facebook страната на трката. Во лотаријата учествуваат сите пријавени учеснички во трката со стартен број. Подароците ќе бидат обезбедени од партнерите на трката, а добитничките мора да бидат присутни на денот на трката за да си ја подигнат наградата од лотаријата.

Старт и цел на трката ќе бидат на бул. Илинденска, во близина на Фонтана Лотос, се трча еден круг од 3 км.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кинотека во рамки на проектот „Сезона на филмски класици“ ќе го реставира филмот „МИС СТОН“

Кинотека ова година ќе го реставира филмот МИС СТОН на Жика Митровиќ, во рамки на …