Среќен роденден Дарија Андовска

Дарија Андовска е родена во Скопје на 2 јануари 1979 година. Таа е композиторка, пијанистка и авторка на оркестарска, камерна, солистичка, вокална музика, музика за филм, театар и танц, како и на мултимедијални проекти. Нејзините дела се изведувани на бројни домашни и светски фестивали, почнувајќи од Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Италија, Германија, Грузија, Франција, Белгија, Англија, Ирска, Данска, Шведска, Норвешка, Украина, Азербејџан, Австрија, Албанија, Русија, Мексико, Канада, Полска, Романија, Ерменија, Турција, САД, а наградувана е како една од важните млади композитори во Европа и од Балканот.

Од 2010 година Дарија Андовска работи како Доцент по група теоретски предмети со композиција, диригирање и музикологија на Факултетот за музичка уметност- Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј, како и на Факултетот за драмски уметности по предметот Применета музика. Во периодот од 2001 до 2010 година работи на истиот факултет како асистентка по предметите Музички форми, Хармонска анализа, Полифонија и Основи на музичкото дело. Работела и како музичка новинарка и продуцентка во Македонската Радиотелевизија и како авторка на сценарија, композиторка и ко-режисерка. Во 2003 година била ангажирана како музичка менаџерка, PR-асистентка и музичка асистентка за потребите на фестивалот 17. Dresdner Tage der zeitgenössischen Musik, Германија.


Редакцијата на Екран и го честита роденденот на Дарија и и посакува многу здравје и успеси.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …