Сеќавање: На денешен ден беше родена нашата оперска пејачка Данка Фирфова

Данка Ристова Северова Фирфова е родена во Велес на 2 јануари 1918 година. Таа беше позната македонска оперска пејачка – сопран, првенка на Операта на МНТ. Фирфова била сопруга на музичкиот деец Живко Фирфов, додека нејзин син бил Милан Фирфов, виден македонски пијанист и оперски певец.

Фирфова учела пеење во Белград и Софија кај професорите Медведова-Шкерјанц, Љ. Киш и Х. Брмбаров. Се усовршувала во Италија на Миланската Скала. До 1947 година работела како наставник по музичко воспитување во Земун, Велес и Скопје.


Била учесник во првите изведби на македонски јазик на операта Кавалерија рустикана во мај 1947 и со тоа станува еден од основачите на Македонската опера. Од 1948 до 1975 година станала постојан член на Операта на МНТ. Извесен период (1956–1958) била и член на Операта во Нови Сад.

Во текот на оперската кариера остварила повеќе од 15 главни улоги меѓу кои: Аида, Дездемона (Отело), Леонора (Трубадур), Шарлота (Вертер), Марженка (Продадена невеста), Ѓула (Еро од оној свет), Тоска, Елизабета (Дон Карлос), Турандот. Гостувала во оперските центри на Југославија, како и во Полска, Бугарија, Грција. Музичката критика го истакнувала нејзиниот прекрасен драмски сопран, со голема носивост, заобленост и топлина.


Починала во Скопје на 21 јуни 2003 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …