Средношколците присуствуваа на состанокот на Комисијата за заразни болести, дел од нивните барања веќе се дел од планот на Комисијата за почеток на учебната година

Утрово, на состанокот на Комисијата за заразни болести, присуствуваа и претставници од Сојузот на средношколци. На редовната координација, од страна на претставниците на комисијата им беа презентирани извештаите со деталната состојба од ковид-19 во Република Северна Македонија.
На состанокот, претставниците на Сојузот на средношколците ги претставија барањата на учениците, од најголем дел се веќе во планот на Комисијата за заразни болести за почеток на учебната година. Она што беше пред сѐ предмет на дискусија е периодот на имплементација на одредени протоколи, за кои Комисијата инсистира да бидат имплементирани етапно, согласно епдидемиолошката состојба во земјата.
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче пред средношколците го објаснуваше процесот на воведување и попуштање на рестриктивните мерки согласно епидемиолошката состојба. Тој информираше дека сите мерки за превенција донесени врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата во интерес на заштитата на здравјето на децата и родителите.
На состанокот двете страни се заложија да продолжат со интензивна комуникација, со цел добра организација и имплементација на мерките за спроведувањето на наставата во претстојната учебна година. Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести се заинтересирани за соработка со сите чинителии, заедничката комуникација продолжува и понатаму.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …