Промените на времето во комбинација со пренатрупаниот распоред и стресот можат да го ослабнат имунитетот. Испробајте го овој едноставен а чудотворен напиток и спречете ги на време есенските вирози.
За да го одржите нивото на енергија и здравје на завидно ниво и во зимските месеци, навистина не ви е потребно многу труд и време.
А за овој тоник од ѓумбир, куркума и портокал не ви е потребен ниту соковник или некој сличен апарат.
Освен што е богат со витаминот Ц, антиоксиданси, „ги уништува“ вирусите и дава енергија,одлична помош е при грлоболка или нервоза на желудникот. Ѓумбирот и куркумата се веќе одамна познати со своите противвоспалителни својства, а нивниот вкус совршено го надополнува слатко-киселиот портокал.
Уште една состојка која овој напиток го прави моќен е медот манука. Има појако антибактериско делување отколку останатите видови мед. Секако, ако го немате при рака и сите други доаѓаат предвид. Колку медот има потемна нијанса толку појако антибактериско и антитоксидативно дејство има.
Рецепт за супер здрав тоник
1/2 шољичка исцеден сок од портокал
рендано парче ѓумбир (околу 1 сантиметар)
2 лажици мед манука (или друг)
прстофат куркума
Сите состојки истурете ги во поголема чаша и убаво измешајте.