Соопштение од ДМ дрогерии

dm drogerie markt ја известува јавноста дека од одредени земји каде што е присутен dm, од продажба е повлечен производот babylove кашичка за бебиња со јагода, малина и јаболка 100% овошје 4м+, 190 г, со рок на траење до 05.07.2019. Поради мерки на претпазливлост производот од наведената серија е повлечен од продажба, откако во примерок се пронајдени остатоци од средства за чистење кои содржат хлор.
Во dm дрогерие маркт Македонија, наведениот производ со спорниот рок на траење не се наоѓа во продажба. Истиот никогаш не бил испорачан во нашите дрогериии и оттаму никогаш не бил ставен во продажба за нашите потрошувачи.
Бидејќи квалитетот и сигурноста на нашите производи и безбедноста на нашите потрошувачи се наш најголем приоритет, dm најљубезно ги замолува сите свои потрошувачи кои го имаат набавено производот со спорен рок на употреба во било која земја каде што е присутен dm, истиот да не го конзумираат и да го вратат во dm дрогериите во Македонија, без разлика дали истиот е отворен или не.
Спорниот производ секако ќе Ви биде заменет со нов или средствата ќе Ви бидат вратени во целост.
Како совесни партнери на секое домаќинство, Ви се заблагодаруваме на разбирањето и довербата.
За сите прашања, тимот на dm Ви стои на располагање, секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот на телефонскиот број: 02/3222-733 или на info@dm-drogeriemarkt.mk

Со почит,dm дрогерие маркт
Македонија


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …