(ФОТО) Семејството на Версаче осудува: Серијата за него не е вистинита!

Пред премиерата на ТВ серијата „Американска крими-приказна – Убиството на Џани Версаче“, се огласи семејството на легендарниот моден дизајнер.
„Семејството Версаче ниту даде дозвола ниту учествуваше во создавањето на ТВ серијата за смртта на Џани Версаче. Бидејќи Версаче не ја одобри книгата на која таа делумно е заснована ниту, пак, учествуваше во пишувањето на сценариото, оваа телевизиска серија треба да се смета за фикција“, се вели во соопштението на семејството издадено преку модната куќа.
Прикажуавањето на популарната серија, која почнува на 17. јануари, на каналот FOX го испитува убиството што го изврши Ендрју Кјунанан во 1997. година.
Едгар Рамирез го игра Версаче, Дарен Крис – Кјунанан, а Пенелопе Круз ја глуми сестрата на дизајнерот, Донатела.Во серијата се појавува и Рики Мартин како љубовник на Версаче.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …