(ФОТО) H&M ја збеснал јавноста поради маичка со навредлив натпис: Соработка им откажале многу познати личности

Шведскиот H&M успеал да ја збесне јавноста на социјалните мрежи поради маичка наменета на момчињата која одлулиле да ја повлечат од продажба со огромно јавно извинување.
Популарниот р&б пејач The Weeknd, на својот профил на Твитер се огласил по повод расно навредливите фотографии со маички наменети на децата кои осимнале во американската и британската веб продавница на шведскиот бренд H&M.
Спорната фотографија покажува малолетен афроамерикански модел со маичка на која е натписот Coolest Monkey in the Jungle (Најлкул мајмун во џунглата), а која неодамна се наоѓала во продажба по цена од 10. евра.
„Утрото се разбудив шокиран и посрамотен со оваа фотографија. Длабоко сум навреден и повеќе не планирам да соработувам со H&M“ напишал The Weeknd.


Популарниот пејач со вистинско име Абел Тесуфи, имал можност два пати да соработува со шведскиот бренд на улична мода, а со својот настап минатата година го одбележал и претставувањето на пролетната колекција.
Од друга страна, фудблерот на Манчестер Јунајтед, Томелу Лукаку објавил обработена фотографија на контроверзната реклама поради која H&M се нашол во проблеми и ги воодушевил корисниците на социјалните мрежи. „Најкул мајмун во џунглата“ од рекламата на шведскиот бренд на висок – уличен стил, од спорната маичка така станал „Црното е прекрасно“ (Black is beatiful).

„Ти си принц кој наскоро ќе стане крал, не дозволувај никој да ти каже поинаку“ напишал Лукаку, а неговата објава станала вирална.

Фотографијата на која е прикажана облека од новата колекција предизвика гнев на социјалните мрежи, но исто така и во медиумите.
Кратко потоа, фотографијата беше отстранета од интернет-страницата на модниот бренд, на која останаа фотографии од две слични блузи, односно со сличен натпис, што ги носат бели деца.
Фотографијата прв ја објави колумнистот на „Њујорк тајмс”, Чарлс М. Блоу.


„Дали сте надвор од умот?“, напиша тој на „Твитер“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …