Сонце или дожд: Какво време не очекува во наредните 5. дена?

Темните облаци и дождот ни ја нарушија сончевата опуштеност…УХМР најавува какво време не очекува во наредните 5 дена…
Денес (петок) ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. На места ќе има локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а попладне вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер претежно од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 17. до 28. степени.
За утре (сабота) се најавува сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 5 до 14. степени, а дневните од 19. до 26. степени.
Во недела се најавува променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со локален повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минимална температура: 5°C до 13°C.
Максимална температура: 21°C до 28°C.
Во понеделник ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минимална температура: 6°C до 13°C. Максимална температура: 20°C до 26°C.
За вторник се најавува променливо облачно, на места нестабилно со повремен пороен дожд и локална појава на грмежи. Минимална температура: 7°C до 14°C. Максимална температура: 19°C до 25°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …