„Snapshots“ – изложба на фотографии од Иво Дамјановски

Денес во КСП Центар – Јадро, со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии од Иво Дамјановски.

Секоја фотографија е доказ за наоѓање убавина во неочекуваното и тивките приказни кои траат во невиденото. Позајмувајќи го описот на Зарковски за истоименото фотографско движење, „snapshots“ е мојот обид „не да го реформирам [секојдневниот] живот, туку да го спознаам“, вели Дамјановски.


„snapshots“ е покана за пауза, рефлексија и размислување за (не толку обичните) обични пејсажи, напуштените излози и останатите глетки што нé опкружуваат.

Изложбата се отвора на 8-ви Март во 19:00 часот и трае истиот ден.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ара Маликиан во Скопје – Концерт на светски познатиот виртуоз на виолина на 18-ти октомври во „Македонска филхармонија”

На 18-ти октомври во Скопје, со почеток од 21 часот, на сцената во „Македонска филхармонија” …