Концерт на Курт Елинг и Националниот џез оркестар

Вечерва во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот, ќе може да уживате во концертот на Курт Елинг и Националниот џез оркестар. Еден од најдобрите џез вокали на сите времиња, двократниот добитник на Греми награда, Курт Елинг, доаѓа во Скопје.

За него „Њујорк Тимес“ ќе напише дека токму тој е „извонредниот машки џез-вокал на нашето време.“


Според „Вашингтон Пост,“ „“Од средината на 1990-тите, ниту еден џез-пејач не бил толку смел, динамичен или интересен како Курт Елинг”, додека ББС Артс оценува дека тој „… ја турка напред уметноста на џез пеењето, повеќе од било кој друг машки изведувач од неговата генерација“.

Елинг има вкупно десет номинации за Греми награди, од кои има освоено две награди за најдобар вокален џез албум за изданијата Dedicated to you (2009) и Secrets are the best story (2021).


Во текот на својата кариера соработува и снима со Вејн Шортер, Данило Перез, Дејвид Амрам, Ренди Бахман, Боб Белден, Џоан Бракин, Оскар Браун Џуниор, Џоди Кристијан, Били Корган, Орберт Дејвис, Џорџ Фримен, Бади Гај, Јон Хендрикс, Чарли Хантер, Боб Минцер, Бред Мелдау, Ли Ритенур, Џон Пицарели и Боб Шепард. Покрај неговиот бенд со кој најчесто настапува, Курт Елинг бил и член на Квартетот на Бранфорд Марсалис.

Доколку на првите албуми композициите повеќе наликуваат на класичните џез стандарди, звукот на Елинг во последните години добива димензија плус, внесувајќи екстраваганција во музичкиот израз и експериментирајќи со класичните џез музички форми.


Диригент на концертот ќе биде Џијан Емин.

Билетите за концертот може да се набават online на https://mnt.mk/online/index.php?id=560…# или на билетарницата на МНТ по цена:
3000 денари – ложа (само на билетарница),
1500 денари – партер,
1000 денари – галерија (само на билетарница).

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книга „Лексикон на странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“

Во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, денес, со почеток во 18:00 …