SLOWSCAPES: Изложба на „Slow fashion“ – брзата мода во Галерија „Акантус“

„Slow fashion“ e алтернатива на брзата мода и се заснова на принципи како добар квалитет, чиста средина и фер однос кон клиентите и работниците.

Предизвикот да се најдат македонски брендови што припаѓаат на движењето „slow fashion“ беше лична цел на кураторот Драган Христов кој стои зад македонскиот моден бренд Лудус. Со таква идеја во заднината, SLOWSCAPES буквално ќе даде приказ на селекција од македонски модни брендови што се припадници на движењето. Селектираните брендови се главно етаблирани и познати на нашата публика, но покрај нив задоволство ќе ни биде да Ви презентираме и неколку нови. Заедничкиот елемент кај сите нив е квалитетниот производ, што најчесто е претставуван на интернационалниот пазар, внимателно селектирани материјали и современ дизајн.
Изложбата ќе има комерцијален карактер и е одлична прилика за алтернативен избор за подароци за претстојните празници.


Учествуваат:
Amra Ismani | Petel Paun Design Arts and Crafts | LUDUS | Mima Pejoska | Nina Nineska | Bibi Klekackoska | Marta Pejoska
Изложбата која ќе има и комерцијален карактер ќе биде отворена од 14. до 21. декември во Галеријата „Акантус“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …