Што мислат жените за машкото стомаче: Кога ќе прочитаат сите „ќе го пуштат“!

Што мислат жените за „машките недостатоци“?
И, мажите, како и жените, се трудат да изгледаат совршено, па затоа честопати се опседнати со она што го гледаат во огледало. Но, токму она што тие го сметаат за свој недостаток и веруваат дека нема да го привлече спротивниот пол, на дамите им изгледа многу секси.

Машко стомаче



Дури две третини од жените во едно истражување потврдија дека „плочките“ на стомакот веќе не се толку секси како што мислат многу луѓе. Дамите изјавија дека претпочитаат да гледаат природен стомак како персонификација на „нормален“ човек кој не е опседнат со огледалото, оди во теретана и се храни со протеини. Значи, важна е умереноста.
Стомакот е персонификација на нормален човек!

Брада



Брадата стара само еден ден е вистинска мамка за припадничките на понежниот пол. Тоа е донекаде бунтовен и лежерен изглед на маж кој со соодветна облека и шмекерски став, едноставно испушта сексапил.

Седа коса кај мажите



Првите знаци на стареење, како што се седите влакна, кај сите, дури и кај мажите, е аларм. Но момци, не паничете! Жените откриваат дека побелената коса го прави мажот многу секси. Поубавиот пол побрзо ќе избере седа коса отколку обоена, што денес не е ретка појава. Истото важи и за ќелавите момци кои можат да изгледаат неодоливо со шишање на милиметар или нула.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …