Семејна трагедија во Тексас: За не цел месец починале мајка, татко и две ќерки

Мајка, татко и нивните две ќерки од Тексас починале од коронавирус за помалку од еден месец, пренесува „Метро“…

Според „Метро“, најстарата ќерка на Ангелика Баутиса починала прва на 49-годишна возраст. Тоа било на 14. јули. Потоа, на 31. јули починала 70-годишната мајка. Само три дена подоцна, на 3. август, починала 37-годишната ќерка Марисол. Таткото на семејството, 75-годишниот Абелардо Баутиса, починал на 11. јули.
“Се чинеше дека таткото се опоравува од короната. Со него ситуацијата беше во ред. Мислевме дека се опоравува, но загубата на тројцата најблиски, го повлече на дното. На крајот, тој исто така почина”, рекол Џери Баутиса, синот кој исто така имал коронавирус, како и неговата сопруга.
“Во еден момент плачев цело време, а потоа кога татко ми почина, јас пропаднав. Тоа беше ужасен шок”, изјавил Гери за локалната телевизија.
Гери поминал неколку дена во болница поради короната, но успеал да се опорави. „Секојпат кога кашлав, имав чувство дека некој ми ги притиска белите дробови“, рекол тој.
„Сите се заразени, а мртвите се само статистика и бројки. Но, тие се човечки суштества. Не треба да зборуваме само за бројки. Треба да кажеме за мртвите дека биле нечии татковци, мајки или деца …“, додал Гери на крајот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …