Сеќавање: две години без нашиот истакнат поет, преведувач и професор Драги Михајловски

Драги Михајловски е роден на 16 октомври 1951 година во Битола, каде го поминал и своето детство. Основно и средно образование завршува во Битола, а дипломирал англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Магистрирал на Филолошкиот факултет („Книжевниот лик на Скендербеј кај Прличев и во делата на англиски јазик“), а докторирал исто така во Скопје („Очудување и можни преводни модели врз примери од англиската поезија“). Од 1976 година работел на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Драги Михајловски е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1992 година, на ПЕН на Македонија од 1992 година, како и на Асоцијацијата на писателите за мир во Вашингтон, САД, од 1998 година.


Бил уредник на книжевните списанија Lettre Internationale, Стожер, Стремеж, член на Сенатот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а две години (2007-2008) бил и претседател на Комисијата за издавачка дејност во Министерството за култура на РМ.

Книгите на Драги Михајловски се преведувани на повеќе светски јазици: англиски, француски, германски како и на јазиците од балканските народи: српски, албански, словенечки и бугарски. Михајловски е исклучително плоден препејувач, препеал повеќе од 110.000 стихови.


Библиографија:

Белетристичка (збирки раскази и збирки раскази и драми)


Речно улиште, Скопје: Книжевна младина на Македонија, 1981.
Ѓон (раскази, 1990), Скопје, Култура
Скок со стап (раскази, 1994), Скопје, Македонска книга
Триполската капија (раскази, 1999), Скопје, Каприкорнус
Раскази од шести кат (раскази, 2004), Скопје, Каприкорнус
Пеперуткарот. Скопје: Каприкорнус, 2009.
Глинениот човек.. Скопје: Каприкорнус, 2014.
Раскази и споредбени коментари.. Скопје: Каприкорнус, 2015.
Пат за рајот, збирка раскази и драми, 2017, Три – Скопје,

Романи:

Пророкот од Дискантрија (роман, 2001, 2007), Скопје, Каприкорнус,
Смртта на дијакот (роман, 2007), Скопје, Каприкорнус,
Мојот Скендербеј (роман, 2006), Скопје, Каприкорнус,
Бајазит и Оливера (роман, 2009), Скопје, Каприкорнус,
Должници (роман, 2014): Каприкорнус,
Швајцарија на Балканите, роман, 2015, Каприкорнус – Скопје, 2018, Матица македонска – Скопје,
Бдеењето на Одисеј, роман, 2017, Просветно дело – Скопје,
Пагански времиња, роман, 2019, Просветно дело – Скопје,

Книги за деца:

Волшебното котле и други бајки (книга за деца, 1995 и 2005)
Сиромавиот и чучурлигата (книга за деца, 2000), Скопје, Каприкорнус,

Студии од областа на преведувањето:

Нераспнати богови (есеи, 1991), Скопје, Табернакул
Под Вавилон – задачата на преведувачот (докторат, 2000 и 2003),

Преводи:

37 драми од Шекспир
154 сонети од Шекспир
Загубениот рај од Џон Милтон
Поезија од Перси Шели
Поезија од Џон Китс
Поезија од Вилијам Блејк
Поезија од Џон Дан
Поезија од Т.С. Елиот
Милтон, Џон. Загубениот рај (препев од англиски, 2007), Скопје, Каприкорнус
Непознат Беовулф (препев од англиски, 2010), Скопје, Каприкорнус
Шекспир, Вилијам. Сите драми и сонети (препев од англиски, 2013), Скопје, Каприкорнус

Добитник е на следниве награди:

-Награда најдобра дебитантска книга на Книжевната младина на Македонија за книгата раскази „Речно улиште“ (1981)
-Награда „Рациново признание“ за книгата раскази „Скок со стап“ (1994)
-Награда „Григор Прличев“ за препевот на епот „Загубениот рај“ од Милтон (1996)
-Награда „Стале Попов“ за романот „Смртта на дијакот“ (2002)
-Награда „Зимски саем на книгата“ за препевот на сите сонети од Шекспир (2006)
-Награда „Стале Попов“ за романот „Мојот Скендербеј“ (2006)
-Награда „Кирил Пејчиновиќ“ за неговите многубројни препеви и преводи на дела од англосаксонската книжевност на македонски јазик. (2009)
-Награда „Григор Прличев“ за препевот на „Сите драми и сонети“ од Шекспир (2013)
-Награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста (2018)

Починал на 21 февруари 2022 година во Скопје, а бил погребан на 23 февруари во Битола.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на Мизар и Хармосини вечерва во Македонската Филхармонија

Вечерва во Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи концертот на Мизар …