Се сомневате дека партнерот ве измамува? Вимавајте на неговиот говор на тело!

Кога станува збор за врските, измамите на партнерите се нешто што најчесто не се простува. Но, до проблеми може да дојде и кога се сомневате дека вашиот партнер ве мами,но не можете тоа да го потврдите. За среќа, говорот на телото ни кажува повеќе од тоа што мислиме, дури и кога станува збор за измама.

Затоа, ако вашиот партнер направи некои од овие работи, можно е да ве мами,пишува PopSugar.


Не ви дава да пријдете до неговиот мобилен
Ако вашиот партнер полудува веднаш штом ќе се доближите до неговиот мобилен телефон, тоа може да биди знак дека ве измамува. Советникот за врски, Дејвид Бенет за PopSugar изјавил дека измамницит често ги менуваат своите мобилни телефони.
Па така, вашиот партнер може да го држи мобилниот телефон на места каде што не го гледате или би можел да го скрие кога сте заедно. Освен тоа, ако полуди кога ќе видите нешто на неговиот мобилен телефон, и тоа би можело да биде знак, бидејќи некој што не крие нема потреба од прекумерни реакции.

Нервозни се кога разговарате за друго лице
Ако мислите дека вашиот партнер ве мами со некој што го познавате и кој е дел од неговиот живот и ако вашиот партнер станува напнат кога зборувате за тоа лице, можеби станува збор за измама.
“Може да покаже знаци на нервоза кога зборувате за некого на кого се
сомневате. Ќе зборува побрзо и ќе биде напнат”, вели Бенет.
Бенет, исто така,советува да следите како вашиот партнер се однесува во близина на тоа друго лице.
“Говорот на телото на крајот е несвесен и многумина кои ги мамат партнерите имаат потреба да бидат физички блиски до лицето со кое го измамуваат”, вели тој.
Ако се оддалечени само неколку сантиметри, седат блиску и често се допираат,тука може да има нешто.


Се смеат на нивните фотографии
Измамниците понекогаш ќе се смеат кога ќе видат нешто на мобилен телефон,на пример слика со личност со која што ве измамуваат. Иако насмевката, додека го гледате мобилниот телефон не мора да значи ништо лошо, обрнете внимание на следното.
“Ако вашиот партнер често типка и тврди дека е поврзано со работата, но сепак искрено сè смее додека тоа го типка може да значи дека всушност и не прави ништо во врска со работата”, додава Бенет.

Пред вас се затворени
Луѓето кои мамат се затворени за нивните партнери. Бенет порачува дека се чувствуваат лошо поради тоа што го прават тоа, па нивниот говор на телото кон нивниот партнер е затворен.
Лицето кое измамува најверојатно ќе држи дистанца, помалку ќе ве допира и помалку ќе се смее.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најголемото велигденско јајце во Македонија

Во село Мокрино, вгнездено во Струмица, Велигден носи посебна традиција. Годинава во центарот на вниманието …